Никола Роквиќ пред 29 дена тргна на аџилак во Грција.
Пејачот секојдневно се рогласува на социјалните мрежи каде со јавноста ги споделува моментите низ кои минува, а и покрај искушенијата на кои наидува за време на аџилакот, за Никола е големо олеснување да го посетат драги луѓе. Еден од нив е актерот Иван Босиљчиќ, кој го зачека Роквиќ на пат. Иако пешачи многу, пејачот мора да паузира, а сега ги наполни батериите со разговор со Иван.
– Има луѓе кои поради братска љубов одвојуваат време, летаат, слетуваат, како рајски птици, носат благодат, радост и потврда дека човекот не може да живее без човек! Мојот брат Иван Босиљчиќ ми го облагородува срцето. Ти благодарам засекогаш – напиша Роквиќ.
– Слични на слични серадуваат! И двајцата сте достојни за восхит”, “Прекрасно е да се видат двајца мажи успешни во сите сегменти од животот. Уметници, сопрузи, татковци” – стојат неколку коментари под објавата.
Никола вчера се сретна и со својот кум Владимир со кој помина прекрасни моменти.
Инаку, засега се собрани и повеќе од потребните средства, односно на сметка на фондацијата „Породица“ легнаа 23 милиони динари.
Неговото семејство е голем поддржувач во овој негов потфат, а вчера Бојана ги спакува куферите и со децата тргна кон Грција.
Бојана се огласи на својот Инстаграм профил каде објави фотографија направена пред аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
фото:instagram printscreen/ nikolarokvic