Радио Милева млада по дух

„Никогаш не би се вратила во младоста“: Лепа Лукиќ откри зошто ги сака своите години (фото)

„Никогаш не би се вратила во младоста“: Лепа Лукиќ откри зошто ги сака своите години (фото)

Пејачката Лепа Лукиќ изјави дека ужива во годините и откри зошто воопшто не и недостасува младоста.

Таа во музичкиот свет влезе на само 24 години, а денес е една од најуспешните на естрадата.

Многумина тврдат дека своевремено Лепа Лукиќ била една од најпосакуваните пејачки. Лепа отсекогаш била смела жена која експериментирала со фризури, а едно време била огнена црвенокоса, а потоа русокоса, дали во елегантни фустани или целосно лежерни и спортски изданија, Лепа секогаш привлекувала внимание, но она што е најважно е дека таа остана млада по дух.

– Мојот лик од младоста сѐ уште е таму, но никогаш не би се вратила во младоста. Јас сум најзадоволна во овие години. Тоа, кога си млад не знаеш ни да се спремаш, туку само се заебаваш, а сега сум облечена како сакам (се смее). Кога си млад, не мора ни многу да се дотеруваш – рекла Лепа која никогаш не била љубител на естетските корекции, но секогаш негувала природен изглед:

– Верувај ми, тогаш беше срамота да го направиш тоа!  Малку шминка, малку уста и трепки, евентуално кармин и тоа беше се – објаснила пејачката.

фото: printskrin/instagram/lepa_lukic_official

To top