Радио Милева „гори “

„Никогаш доволно“ – Адријана Кеш темнее под сонцето на Халкидики (видео)

„Никогаш доволно“ – Адријана Кеш темнее под сонцето на Халкидики (видео)

Популарната македонска фолкерка, Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш   ужива на одмор, а пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е  активна ја покажа егзотичната оаза која таа ја доразубави со нејзиното присувство.

Македонската фолкерка се фотографираше од сите агли самоуверено покажувајќи колку добро изгледа во костимот за капење.

Таа додека се сончаше проверуваше дали е доволно за да не изгори па подоцна да трпи големи маки.

Затоа, Адријана што си е сигурно,  си е сигурно, седна под природната морска сенка, на лежалка во форма на „гнездо“.

И таму позираше од сите агли, покажувајки ја својата фигура во костимот за капење покриен со летна бела кошула за поголема заштита.

Но, како што напиша, се чини дека никогаш не ѝ е доволно од сончање, па повторно директно се врати на сонце, бидејќи, како што  и самата е, „жешка“ и „гори“.

Секако заслужено, по  напорната работа, фолкерката си подарила малку време за себе покрај морето, па ќе ужива како што сака.  Опкружена со палми, што нежно се движат на благиот ветер и ситниот песок под нозете, таа со сигурност почувствувала вистински мир, а тоа се забележува и преку насмевката која не ја трга од нејзиното лицето.

 

Foto: printscreen/instgaram/adrijana_acevska

To top