Радио Милева нека блеска

„Ние ја накитивме, а вие?“: Анета Љумаковска и Тамара Тодевска први ја донесоа празничната магија во домот (фото)

„Ние ја накитивме, а вие?“: Анета Љумаковска и Тамара Тодевска први ја донесоа празничната магија во домот (фото)

Нема сомнеж дека новогодишната елка и декорација будат убави чувства и позитувна енергија.

Многумина сакаат да украсат со новогодишната декорација порано, уште од месец ноември, а исто така и сакаат да ја тргнат што подоцна и по завршувањето на Стара Нова.

Па така, веќе од крајот на ноември, социјалните мрежи  почнаа да се полнат со видеа и фотографии од новогодишни елки од украсените домови, а рафтовите на продавниците се полни со празнични декорации.

Некој со повисока, некои со помала елка, бела или зелена, природна или вештачка, сеедно, вежно е дека ја носат радоста и кај помладите и кај повозрасните.

Целокупната предновогодишна атмосфера и амбиент потсетуваат на една голема волшебна бајка, така е кај сите, или барем треба да биде, па и кај познатите и популарни личности и естрадните ѕвезди.

Лампион по лампион и разни украси, Анета Љумаковска и Тамара Тодевска веќе ја создоа својата домашна новогодишна магија која полни очи.

Годинава меѓу првите се тие, Анета  и Тамара кои се пофалија со крајниот резултат.

Анета за да долови посилен ефект го изгаси светлото и ги учлучи дискретните сијалички од белата снежна елка, а Тамара пак по традиција украсувањето им го препушта на своите наследници Хана и Дарен.

-Ние накитивме, а вие што чекате? – праша Тамара, а ќе се дополниме и ние дека „да“, време е за да блеска!

фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701/ Freepik/ tamaratodevska

To top