Радио Милева љубовен живот

Невиноста ја изгубила на 15 години: Еве кого завела Весна Змијанац (фото)

Невиноста ја изгубила на 15 години: Еве кого завела Весна Змијанац (фото)

Пејачката Весна Змијанац беше една од најфаталните жени на јавната сцена во осумдесетите, а непознати детали од нејзиниот приватен живот откри во нејзината автобиографија „Кад замиришу јорговани“.

Познато е дека Весна имала многу бурен љубовен живот, а освен тоа се борела и со пороците.

Како што се шпекулираше, таа со години ја криела својата прва голема љубов, а семејството наводно се откажало од неа поради изборот што го направила во тоа време.

Жената по која многумина копнееја во поранешна СФРЈ освојува со својот моќен глас откако стапи на сцената.Од седумдесеттите години на минатиот век таа ја заинтригира и со својот бурен љубовен живот.Одредени моменти потсетуваат на оние од филмовите, а Весна се обиде да прикаже се во својата автобиографија.

Во сè се издвојува приказната за тоа како ја изгубила невиноста.Тоа било  како што кажала, со професорот по математика, кога имала 15 години.

„Искуството на тој прв љубовник беше нешто избрзано, не многу имагинативно, лишено од уникатност и славеничко расположение. Не многу болно, но во грч“, откри Весна. Имено, таа учела средно училиште во Австрија со нејзината мајка, а врската со професорот се случила кога се вратила во Србија.

– Кога завршив основно училиште, се преселив да живеам кај мајка ми Ковина во Виена, но пред тоа веќе бев во врска со професорот по математика. Меѓутоа, кога дојдов во Краљево на одмор по завршувањето на првата година средно, нашата врска навистина стана она што се нарекува врска, љубовна врска меѓу двајца. Сите пречки беа отстранети. Веќе не бев негов ученик, а иако бев малолетна, веќе изгледав малку постаро за моите години. Разликата во години исто така не беа пречка. Барем не за мене. Ми требаше некој постар, некој во кој, без да знам, всушност барав татко. Отпрвин ми пречеше тоа што мојот учител, човек кој ме познава буквално од дете, ме испрашуваше и ме оценуваше, но близината си го направи своето, а неговата согласност да ја објави врската јавно (шетавме фатени за раце ) во мене ja отстрани сета непријатност.

фото : printscreen/instgaram/vesna_zmijanac_official

To top