Детската радост, џагор, смеа и воодушевување се незамелниви во споредба со било која друга емоција. Тоа е она што изминативе 20 години го одржа, движи и воедно мотивира детскиот фестивал „Поточиња“ да продолжи. Откако прерасна во еден од најреномираните фестивали на детската песна во Македонија и пошироко, Поточиња 2024 и оваа година подготвиви 15 нови песни кои е многу извесно дека веднаш ќе им се допаднат на децата и ќе ја збогатат македонската ризница на детски песни.
Тука е фестивалскиот водител – маскотата Поки (зад која се крие актерот Мартин Јорданоски) кој е омилен лик на децата и многу интересно ги води низ фестивалската приказна. Токму затоа и годсинава се очекува Поточиња 2024 да прераснат во една голема детска забава, а фестивалот да доживее уште едно незаборавно издание.
View this post on Instagram
Дека тоа ќе биде така, уште отсега гарантира невидениот интерес за овој реномиран детски фестивал кој годинава по шесте експресно распродадени, подготви и седма претстава, која ќе биде изведена на 13-ти април од 17 часот.
„Најмили другарчиња, по распродадените шест претстави на Ваше барање закажуваме нова – седма претстава на 13 април од 17:00 часот во Македонска Филхармонија. Неизмерно се радуваме на огромниот интерес да играте и пеете со нас бидејќи ние сме секогаш расположени да Ве забавуваме Вас.
Бидете брзи и набавете си билет преку продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн.“ – порачуваат организаторите.
Во пресрет на новото 21-во издание на можеби најпопуларниот детски фестивал кај нас, фотографиите од пробите покажуваат дека подготовките се полн ек.
А Вие секако на 13 и 14 април, сега и од 17 часот бидете дел од „Поточиња 2024“ и први слушнете ги најновите македонски детски хитови.
Фото: Поточиња-архива