Вчеравечер, Марија ќерката на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот партнер, а сега сопруг, Дамјан.
Синоќа младоженците првиот танц го одиграле на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.
Свадбената веселба парот ја направил во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, додека како што се дознава на прославата и претходела традиционална забава и земање на невестата од дома.
Инаку Бранко Црвенковски со поранешната дама на Македонија, Јасна го има и синот Љупчо кој неодамна го направи Бранко горд дедо, како и ќерката Марија.
Фото: Screenshot