Радио Милева вакви не сте виделе

Нереални на прв поглед – Необичните чевли на Џорџина Родригез ги оставија сите во втор план

Нереални на прв поглед – Необичните чевли на Џорџина Родригез ги оставија сите во втор план

Џорџина Родригез уште еднаш покажа дека знае како совршено да го претстави класичниот гламур со модерен пресврт.

На модната ревија на „Валентино“ за есен/зима 2026, одржана во луксузниот „Палацо Барберини“ во Рим, Џорџина Родригез пристигна во облека што комбинираше сензуалност и софистицираност.

За оваа пригода, таа избра црн фустан од кадифе со асиметричен крој, модел со отворени рамена и ефектен шифонски детаљ околу вратот. Малото црно фустанче изгледаше многу елегантно и ненаметливо заводливо, што не е изненадувачки бидејќи станува збор за парче кое се потпира на вечен гламур, но и на ласкава силуета. Кадифето дополнително го нагласи луксузниот впечаток, додека асиметричниот раб му даде на фустанот посовремен шмек.

Сепак, колку и да беше впечатлив фустанот, најмногу внимание привлекоа обувките. Џорџина го заокружи изгледот со многу необични чевли, од типот што ретко се гледаат дури и на најгламурозните настани. Овој модел има целосно транспарентен горен дел, што ги прави чевлите да изгледаат речиси нереални на прв поглед. Овој дизајн создава ефект на „голи“ стапала, а во исто време ја одржува елегантната, префинета линија на класична чевли. Токму ова отстапување од очекуваното ги претвори во најинтересниот детаљ од целиот аутфит.

@vogueitalia #GeorginaRodriguez arriva allo show autunno-inverno 2026/2027 di #Valentino ♬ orijinal ses – Nurlan

Foto: print screen/Instagram/georginagio/tiktok 

To top