Живот и стил

Неодоливо вкусен: Колач со бадеми и морков

Неодоливо вкусен: Колач со бадеми и морков

Потребни состојки:

600 г рендани моркови
1 чаша кафеав шеќер
1 чаша суво овошје (по желба)
1 чаша бадеми
4 големи јајца
1,5 чаша бел шеќер
1 чаша растително масло
2 лажички екстракт од ванила
1 чаша сечкан ананас, исцеден
3 чаши брашно
4 лажички мелен цимет
1,5 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол

За глазурата:

250 г маскарпоне, омекнато на собна температура
150 г несолен путер, омекнат на собна температура
350 г шеќер, плус уште малку ако е потребно
1 лажичка екстракт од ванила
1/8 лажичка сол

Измешајте ги ренданите моркови и кафеавиот шеќер. Оставете да отстои 1 час, а потоа додајте го сувото овошје. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете и набрашнете голем калап/тава за торта. Изматете ги јајцата во голем сад додека не добијат посветла боја.

Постепено додавајте ги белиот шеќер, маслото и ванилата. Додајте го ананасот. Во друг сад измешајте ги брашното, циметот, сода бикарбоната и солта, а потоа додајте ги во смесата со јајца и мешајте додека не се впие.

Додајте ја смесата од моркови и ореви. Истурете ја целата смеса во подготвениот калап за торта. Печете во загреана рерна додека чепкалката боцната во центарот на колачот не излезе чиста, 45 до 50 минути.

Оставете да се подолади 10 минути пред да го извадите колачот од калапот, па оставете го целосно да се олади.

За глазурата: Во голем сад со миксер изматете ги маскарпонето и путерот заедно на голема брзина додека да се изедначи смесата. Додајте ги шеќерот, ванилата и солта. Матете на мала брзина 30 секунди, а потоа префрлете на голема брзина и матете 2 минути.

Ако сакате глазурата да биде малку погуста, додајте уште 2-3 лажици шеќер. Врз изладениот колач премачкајте ја глазурата. Пред сервирање ставете го колачот во фрижидер 30 минути. Ова помага да се зацврсти глазурата и да се олесни сечењето.

Извор: Kурир.мк
Фото:Freepik

To top