Дино Бешлиќ, синот на Халид Бешлиќ, денес на роденденот на својот татко објави фотографија направена додека покојниот пејач беше на лекување. Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина во октомври оваа година, а неговиот син сега сподели трогателна, емотивна фотографија.
Имено, Дино на својот Инстаграм профил покажа како тој, неговата сопруга и децата позирале со Халид, чиј роденден ќе беше денес.

„Тато, денес ќе наполнеше 72 години. Знам дека никогаш не сакаше да славиш така, но денес организиравме нешто за тебе. П.С.: Немој да ни се лутиш. Те сакаме“, напиша Дино. Патем, на комеморацијата за Халид Бешлиќ, неговата внука Ламија одржа емотивен говор, кој ги трогна сите присутни.
Foto: Printscreen/Instagram/beslicdinopravi



