Откако стана мајка, Сања Кужет целосно се повлече од јавниот свет и максимално му се посвети на семејството.
Таа се грижи и за својот изглед. Покрај тоа што се врати во форма и отиде на тренинзи, водителката покажа и колку се грижи за здравјето на кожата и лицето.
Таа преку својот Инстаграм профил објави фотографија без трошка шминка, а во описот го напиша следново:
-Нема филтер, тоа е тоа! И без филер! – напиша Сања.
Потсетуваме дека водителката не го експонира во медиумите својот партнер Немања Живојиновиќ, моментално маркетинг директор на автосалон, а на прашањето дали го крие од јавноста и зошто не се појави минатата година во финалето на „ Звездите на Гранд“, таа одговори:
– Не, долго време сме заедно. Се движиме и излегуваме нормално, нема зошто некој некого да крие. Само не мислам дека тој припаѓа во финалето. Тоа е моето работно место и тој навистина никогаш не дојде на мојата работа. Тоа не е дел од неговата професија, но кога ќе не видат заедно на некои настани, нема проблем ако не сликаат – изјави таа.
фото: printscreen/instagram