Една од најатрактивните пејачки од помладата генерација Теодора Џехверовиќ вечерва во еден белградски ресторан приреди промоцијата на нејзиниот нов албум „Жена без адреса“.
Популарната Џехва блесна во долг фустан со корсет и кристали, а вниманието го привлече нејзината долга коса која пејачката ја обои во кафена боја.
Насмеан и видно задоволна, Џехверовиќ трпеливо им позираше на фотографите и одговараше на новинарски прашања, а потоа се упати кон прославата, на која медиумите не беа дозволени.
На промоцијата присуствуваа бројни познати личности, главно пријатели и колеги на Теодора.
Сепак, многумина забележаа дека младата пејачка Ема Радујко не се појавила на овој настан и коментираа дека тоа е прилично чудно, со оглед на тоа што Теодора и Ема биле пријателки и секогаш имале само убави зборови една за друга.
View this post on Instagram
Некои од упатените гости коментираат дека војната меѓу двете пејачки, која започна на крајот на минатата година, не е маркетиншки трик и дека двете млади дами навистина се во конфликт.
Фото: printskrin/instagram/Gori Balkan Tv