Радио Милева најголем сон

„Негативните тестови се зад мене“: Марија Килибарда за прв пат проговори за тешката борба за потомство

„Негативните тестови се зад мене“: Марија Килибарда за прв пат проговори за тешката борба за потомство

Водителката Марија Килибарда ја роди својата ќерка Сења пред осум месеци, а сега за прв пат проговори за нејзината борба за деца.
За време на нејзиното гостување во емисијата „Балканска улица“ со Весна Дедиќ, водителката Марија Килибарда се отвори за тешките моменти и обиди да стане родител. По години борба, таа стана мајка во октомври минатата година, остварувајќи го со тоа својот најголем сон.

Водителката имаше неколку неуспешни ин витро оплодувања, но дури и во тие моменти се обидуваше да остане силна.

– Знам само дека трепнав и веќе имаше неколку години обиди и обиди, негативни тестови, негативни бета резултати зад мене. Кога имаш мисија и кога си посветен на неа и кога ќе се случи тој позитивен резултат, некако забораваш, барем јас заборавам на тие тешки работи. Она што ми остана врежано во умот по патот беа тие прашања: „Зошто имаш две, а не три?“, „Зошто немаш деца?“ и морав да „пораснам“ за да не ме погодат тие прашања и никогаш никому не мудадов одговор, бидејќи не сакав никој да ме сожалува – рече Килибарда.

На патот кон остварување на својот сон, таа имаше огромна поддршка од семејството и тоа ѝ даде сила да преброди сè.

– Имав поддршка од оние околу мене, семејството на Бане, моето семејство. Бев опкружена со толку многу љубов и кога првпат патувавме во Солун во клиниката за да пробаме, успеавме и пристигна нашето мало грчко девојче – рече водителката.

Килибарда веќе неколку години е вљубена во Бранислав Вучетиќ, синот на актерката Љиљана Драгутиновиќ, и тој речиси никогаш не се појавува во јавноста.

фото: printscreen/instagram

To top