Радио Милева шириме љубов, а не политика

Не се сите Цетински: Јаков  Јозиновиќ одбил да го откаже концертот во Нови Сад, велејќи дека музиката не познава граници

Не се сите Цетински: Јаков  Јозиновиќ одбил да го откаже концертот во Нови Сад, велејќи дека музиката не познава граници

Јаков  Јозиновиќ одбил да го откаже концертот во Нови Сад, велејќи дека музиката не познава граници. Младиот хрватски пејач и ѕвезда во подем Јаков Јозиновиќ објави на Инстаграм дека нема да го откаже својот концерт во салата СПЕНС во Нови Сад на 14 март, иако неговиот колега Тони Цетински го сторил тоа пред неколку дена.

„Добри луѓе, ви благодарам што сте со мене. Го пренесувам мојот дар преку мојот глас и затоа мојата турнеја е голема благодарност до сите што доаѓаат. Продолжуваме да шириме љубов и музика овој викенд во Нови Сад“ – рекол Јозиновиќ.

Настапот на Јозиновиќ доаѓа по откажувањето на Тони Цетински, кој го откажа својот концерт закажан за 8 март, наведувајќи дека салата СПЕНС била „концентрационен логор“ за хрватски ветерани и цивили во 1991 година. Тврдењето дека салата служела како концентрационен логор во 1991 година е отфрлено од властите во Нови Сад, а го негирал и претседателот на ДШВ, Томислав Жигманов.

„СПЕНС сигурно не бил концентрационен логор, бидејќи нема податоци што би укажувале на тоа“- изјавил Жигманов за Н1. За потсетување, Хрватското здружение на ветерани го замолило Јаков да го откаже концертот во таа сала, но тој тоа го одбил.

Фото: Јаков Јозиновиќ/Инстаграм

Извор:a2.info

To top