Злата Петровиќ проговори за конфликтот со Снежана Ѓуришиќ, нагласувајќи дека до ден денес не се кае за зборовите што ѝ ги кажала на колешката. Иако не сакаа јавно да зборуваат за деценискиот конфликт, проблемот меѓу колешките ескалираше кога внуката на Злата се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Снежана Ѓуришиќ, без влакна на јазикот, го даде своето мислење за пеењето на гореспоменатата натпреварувачка, на што Злата Петровиќ до тој степен и замери што јавно ја нападна и не се покаја за своите зборови.

– Во еден миг полудев и кажав сè што имав за Снежана и не се каам. Се крена голема врева околу мене, велејќи дека Снежана ми се одмаздува преку децата. Не сум во тој филм за да плукам по моите колеги, но го почувствував тоа во тој момент и кажав што имав. Сега, дали ми се налутила или не – не знам, бидејќи од тогаш не сме се слушнале. Јас сум транспарентна, не сум во воена состојба со моите колеги, дури ни со неа, секогаш контактиравме кога се среќававме на снимање, и не знам што ќе се случи по сето ова – рече Злата Петровиќ, како што објави Свет, и додаде:
Нема причина да продолжам да се карам со неа преку весниците. Се емитуваше емисијата „Ѕвездите на Гранд“ во која учествуваше мојата внука и имењачка Злата и тоа е тоа. Нема да водам туѓа грижа и живот. Не сум ничиј учител, самоми е криво кога луѓето зборуваат зад мојот грб.
фото: print Screen/Instagram







