Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ сними дует со Жељко Јоксимовиќ, а потоа и со младиот колега Михајло Веруовиќ Војаж.
Имено, во песната има реплика : „ Шта чу ти ја кад поред себе имаш жену“, па Ражнатовиќ прокоментира дали и се случило да праша некој маж токму тоа.
– Да! (се смее) А што? Ти никогаш не си го кажала тоа?! На сите им се случило и ќе се случува, нè има секакви – изјави Цеца.
Пејачката потоа раскажала дали некогаш била во ситуација некој маж да и ветил нешто, а да не исполнил.
-Ако почнам да зборувам, интервјуто ќе го завршиме за еден месец. А што мислиш, зошто сум сама?! Па, токму затоа што понудите… Понудите се такви што не се ни вредни за спомнување. Ништо важно, секогаш има некој што ти дава комплименти. Секогаш има некој што виси околу тебе… – рекла Цеца.
фото: printskrin/ceca_raznatovicfan