Почитувани,
Ве известуваме дека концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар кој беше претходно откажан, сепак ќе се одржи, но овој пат со хуманитарна цел.
Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани. Во фоајето ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства.
Концертот ќе се одржи на 25 март (вторник), Македонска опера и балет (МОБ).
со почеток во 20 часот.
Со почит,
Национален џез оркестар
Билетите за концертот може да ги набавите online на https://mktickets.mk/event/maria-nacionalen-jazz-orkestar/ и на продажните места на MKTickets.