Познатата поп- пејачка Наташа Малинкова изминатиот викенд ја гледавме на сцената на „Макфест“ каде пееше во ревијалниот дел заедно со Мики Секуловски.
За Малинкова фестивалот во градот под Исарот секогаш бил привлечен, како за промоција и изведба на нова песна, така и за дружба со колегите.

Годинава таа го скокна делот да настапи со нешто ново, но затоа не го исклучи присуството на сцена и тоа да ги почести присутните во салата и гледачите пред ТВ со добро познатите хитови од „Макфест“ годините наназад.

Наташа периодов доста активна по социјални мрежи заедно со ќерката Султана која и беше друштво и во Штип, а од поновите објави пак, Малинкова покажа дека е „играч на сигурна карта“.

Па така, веднаш по возбудливиот викенд, пејачката одговорно прво кон себеси, а потоа ио кон другите, правец до имунолошкиот центар во Кавадарци за да прими вакцина против грип.
-И сезоната може да почне, напиша таа во описот на фотографијата каде ја вакцинираат.

Ако за едни претставува страв, за други предрасуда и теории на заговор околу ванцинацијата, за Наташа сигурна имунизација за полесно проѓање на зимската сезона меѓу многу луѓе на настапите кои редовно ги има низ земјава.

Така, веќе сигурна за следното групирање, Наташа запеа повторно со Мики, грло до грло, а грипот може и да заобиколи.
фото:Instagram printscreen/natasamalinkova




