Поп-пејачката Наташа Малинкова е горда мајка на две ќерки, постарата Султана и помалата Емилија.
Минатата недела Малинкови се рдуваа и ја споделија среќата за дипломирањто на постарата Султана која заврши Економски факултет во Скопје.
Наташа со првата наследничка доста млада се има реализирано во улогата на мајка, па денес за некои е чудно кога ќе каже дека има 22 годинишна ќерка, ама и помалото веќе не и е така мало.
Децата толку брзо растат што ако ние се’уште ги гледаме како малечки, тие веќе стигнале до фаза да се чувствуваат како многу големи.

Емилија веќе израснала во висока и тенка млада дама позирајќи до својата позната мама која пак гордо се пофали дека Еми е талент во хип-хоп танци.
Со едно видео кое се најде на профилот на Малинкова, видовме колку Еми е вешта во модерниот танц, па мама Наташа сакаше тоа да го видат сите.
Во една прилика Наташа за родителството кажа дека е строга мајка и има свои правила кои мора да се почиутваат.
-Да бидам искрена, Султана ми е како другарка и таа секогаш ми е поддршка во кариерата, а ѝ јас учам за трендовите во музиката од неа. Но, колку и да сме блиски, сепак јас сум прилично строга, мајка иако можеби не изгледам така“, откри Малинкова- кажа Наташа во една прилика.

Мама и тета се пејачки, Султана е повеќе по шминкањето, а Емилија својата креативност и темперамент засега ги изразува и покажува преку танцувањето. Дали ќе пројави и афинитети кон пеењето, останува времето да покаже.
фото:Instagram printscreen/natasamalinkova



