Живот и стил

Народен лек за болки во зглобовите: Рецепти за 2 мелема кои ги ублажуваат тегобите, а се прават со состојки од кујната

Народен лек за болки во зглобовите: Рецепти за 2 мелема кои ги ублажуваат тегобите, а се прават со состојки од кујната

Болки во колената, прстите, нозете… Проблемите со зглобовите најчесто ги мачат луѓето во третото доба, а особено се чести кога има големи временски промени. Болката и отокот може да се намалат со домашни препарати кои можете да ги направите дома и кои со векови ги користеле нашите предци.

Лук во маслиново масло

Во стаклена тегла ставете ½ кг исчистен и сечкан лук и прелијте со литар маслиново масло. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои две недели на темно место, на собна температура. Протресете по малку секој ден. По две недели, процедете го маслото преку газа. Секоја вечер два месеци подмачкајте го болното место, завиткајте го со пластична кеса и чувајте ја обвивката преку ноќ.

Мешавина од сенф и мед

Измешајте по една лажица мед, сенф, сол и млака вода за да направите паста. Секоја вечер подмачкајте го болното место, покријте го со пластична кеса и ставете волнена марама преку неа. Измијте се наутро. Постапката повторете ја 5 дена. Сенфот ја ублажува болката, а во комбинација со медот е одличен тандем за лекување на болки во коските.

Извор: Попара

To top