Ѓорѓе Давид јавно призна дека е фатен во тежок сообраќаен прекршок и дека ќе добие забрана за управување со моторно возило во траење од 30 дена.
Рокерот, кој пред неколку дена го посети гробот на Саша Поповиќ, доцна синоќа се огласи на својот Инстаграм профил и раскажа што му се случило.
– Белград е сериозно покриен со камери кога е во прашање сообраќајот. Ми се случи да изгледам како будала, да ме фати во тежок прекршок – изјавил Ѓорѓе Давид, видно разочаран што дозволил да му се случи такво нешто.
Како што изјави, се соочува со парична казна, како и забрана за управување со моторно возило.
– Па, се разбира, се’ е во ред. Она што не е во ред е што имам забрана за возење од 30 дена. Испаднав сериозен мајмун и будала, ќе се убијам – рекол Ѓорѓе Давид во обраќање на социјалните мрежи.
За потсетување, минатата година Ѓорѓе Давид беше учесник во тешка сообраќајка во Македонија каде животот го изгуби 49 годишна жена.
фото:Instagram printscreen/