Тетката на пејачката Јелена Карлеуша, Данијела Дмитровиќ била нападната вчера во Белград.
Дмитровиќ е биолошка сестра на покојната Дивна Карлеуша, а познато е дека Јелена е исклучително блиска со нејзината тетка.
Даниела на својот Фејсбук профил напиша дека била нападната од таксист, а благодарение на обезбедувањето на клиниката во која работи таа избегала без посериозни последици.
Револтирана од инцидентот, Дмитровиќ жестоко реагираше на социјалните мрежи, обвинувајќи за порастот на насилството на улиците.
Нејзината објава предизвика бурни реакции, а многумина ја изразија својата поддршка за неа.
Јелена Карлеуша многупати во медиумите истакнала колку е блиска со својата тетка, нарекувајќи ја свој најголем пријател и поддршка. Данијела има важна улога во нејзиниот живот, помагајќи ѝ уште од детството, а сега ја пренесува истата грижа и љубов на ќерките на Јелена.
фото: prntscreen/instagram/fb/karleusa.world