Радио Милева роденденско разоткривање

Накова славеше роденден, ама јавноста многу повеќе ја заинтригира кој е љубовникот што прв и го честита: Александра е во врска со контроверзниот бугарски фудбалер Ѓорѓи Јомов

Накова славеше роденден, ама јавноста многу повеќе ја заинтригира кој е љубовникот што прв и го честита: Александра е во врска со контроверзниот бугарски фудбалер Ѓорѓи Јомов

Александра Накова славеше роденден (5-ти август). На денот што го чекаме цела година, најмногу чекаме честитки од оние кои ни се најблиски, најмили, најмногу ги сакаме или пак од оние во кои сме вљубени… Ние во нив или тие во нас.  Токму затоа нејзината (и не толку) нова љубов прв јавно и го честиташе роденденот, која Накова меѓу другото го прослави и со огномет.

Но, јавноста многу повеќе ја заинтригира љубовникот што и го честиташе, отколку самата славеничка за која горе-долу, речиси се’ е познато.

Имено, уште минатата година Александра Накова споделуваше фотографии со мускулест баеги тетовиран маж, во чии прегратки беше скрасена, испружена на непознати песочни плажи. Со оглед на тоа дека живее во Гевгелија, мнозинството помисли дека се работи за момче од Грција, арно ама, очигледно се излажаа.

Александра Накова оттогаш па се до денес е во врска со  28 годишниот бугарски фудбалер Ѓорѓи Јомов, кој е 8 години помлад од неа. Но Јомов не е познат само по своите игри на зелениот терен и головите во дресот на ЦСКА – Софија каде во август 2020 официјално се преселува од софиска Славија за трансфер сума од околу 300.000 евра.

Тој дури и дебитира за сениорската репрезентација на Бугарија во октомври 2020 година, каде до 2022-рата одигрува 10 натпревари за националниот тим и постигнува 2 гола.

И тогаш „колата тргнува надолу“, откако Јомов „ќе падне“ на допинг тестот во август 2022, по што UEFA го суспендира по позитивен тест за Turinabol (дехидрохлорометилтестостерон), под истек до 25 ноември 2022 .

Во март 2023 е потврдено четиригодишната суспензија на Јомов  од сите фудбалски активности и тоа до 25 август 2026. Неговиот договор со ЦСКА не е продолжен по истекот . Поднесена е постапка за жалба која ќе се разгледува од страна на Спортскиот арбитражен суд (CAS).

Но, актуелното мускулесто момче на расната гевгеличанка не го пратат само спортски контроверзи во Бугарија. Имено, тој пред Накова бил две години во врска со бугарската пејачка Ариа (Цветкова), врска која ја следеле низа скандали.

Како што пишуваше бугарската hotarena.net, еден од нив била случката кога Јомов и неговиот брат биле претепани по расправија на кружниот пат. Нивниот татко, кој дошол на помош, ги застрелал и ранил двајцата напаѓачи. Првично, фудбалерот тврдеше дека не бил присутен на местото на инцидентот, но се покажа дека лажел. Арија исто така беше вмешана во скандалот.

Малку подоцна, Јомов беше фатен со допинг, а фолк пејачката потоа го остави и брзо му најде замена.

Речиси една година се забавуваше со бизнисменот Цветан Петков, кој поседува синџир ресторани во Софија и на Црно Море.

Арија повторно ја демонстрираше својата љубов на социјалните мрежи, но неодамна се дозна дека и оваа нејзина врска е минато.

За разлика од неа, Јомов беше сингл сè додека не ја запозна нашата Александра Накова со која сега – засега љубовта му цвета. 

Бугарските медиуми Накова вака ја претставуваат: „Секси убавица  која има свој бренд за облека во нејзината родна Гевгелија. Таа често самата ги рекламира своите комбинации, бидејќи е меѓу најпознатите модели и инфлуенсерки во Македонија.

Постојано е поканета на  разни јавни  настани во земјата. Има и многу пари, судејќи според нејзините постојани одмори на врвни дестинации. Александра е видливо затегната. Има зголемени силиконски гради и усни.

Некои дури би ја опишале како двојничка на Арија. Двете изгледаат доста слично по изглед“ – пишуваат бугарските портали.

Фото: Инстаграм/aria_official__/yomov_35/naleksandraofficial

 

 

To top