Радио Милева нека врне!

Најслаткото нешто што ќе го видите денес: Додека Скопје наутро „врие“ од негативна енергија и нервоза во сообраќајот, Пере „Нокаут“ е различен и пример за ретка позитива заедно со ќеркичката (видео)

Најслаткото нешто што ќе го видите денес: Додека Скопје наутро „врие“ од негативна енергија и нервоза во сообраќајот, Пере „Нокаут“ е различен и пример за ретка позитива заедно со ќеркичката (видео)

Зарем има дете што не сака да шлапка по вирчиња додека врне дожд, да носи кабаница или чадорче и целосно да се препушти на радоста?

Во денешната трка со време и брз начин на живот често знаеме да ги занемариме овие основни работи кои би не довеле до среќа, нам и нашите малечки.

Врнежливото време, особено со сообраќајната гужва наутро низ Скопје знае да биде тензично и напнато, па да се рефлектира низ целиот ден. Затоа музичарот и кантавтор Никола Перевски- Пере има сосема друга праќса кога наутро ја носи неговата ќеркичка Софи кон градинка.

Наместо да влезе во автомобил и да се сместат удобно, тој и Софи на пат до градника се превезуваат со точак, а малата на детско седиште со чадорче во рака. Насмеана и пресреќна за доживувањето кое и го нуди времето, а и го овозможува тато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

-Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот како да е сончевово… Дождот е само уште една причина за играње, пишува Пере во описот на видеото кое веруваме дека ќе биде најслаткото што ќе го видите денес.

Малата „Софи Профи“ како што знае тато Пере да ја вика, обожава да шета на дожд, па макар и така рано наутро да и се спие и да не и се оди во градника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

Перцепцијата е клучна, „дај малку позитивно“ како што пее Пере во една од своите песни, да ѕирнеме од друг агол, па и кога врне нам да ни биде сончево.

За потсетување, женското царство на Пере стана уште поголемо во месец јуни 2023 година кога се роди Инес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

Инаку, Пере има три ќерки, две од првиот брак со новинаркатра Александра Спировска, Мхаела и помалата Каја, а со втората партнерка Јована пред две ипол години ја доби малата Софиа, а потоа и најмалата принцеза.

фото:Instagram printscreen/ perrenokaut

To top