Радио Милева компаративна предност?

Најшетаната „сингл дама“ Ноне Неделковска ќе ви ја објасни убавината на самотијата: „Ма, маааарш бре!“ (ВИДЕО)

Најшетаната „сингл дама“ Ноне Неделковска ќе ви ја објасни убавината на самотијата: „Ма, маааарш бре!“ (ВИДЕО)

По кусата пауза македонската морепловка одново крстари преку седум мориња и океани. Ноне Неделковска им се врати на прекуокеанските крузери и нејзината професија да биде со месеци на „големата бела лаѓа“ обиколувајќи ги најпознатите европски и светски дестинации, најегзотичните места, острови, плажи, пристаништа и градови, нјубавите светски бисери…

Но сте се запрашале ли некогаш која е цената на ваквиот живот, колку треба „да се плати“ за вака да се заработи, од што се’ треба да се откажете, за вака да можете да живеете, од палуба на палуба, од кабина во кабина, од море на копно и обратно? И така со месеци, а Бога ми и години, колку што некогашната поп пејачка Нона Неделковска ја работи оваа работа! Наизглед светска, а сепак повеќе од одговорна, напорна и тешка. Далеку од дома и домашните, од роднините, другарките, пријателите… Во некој туѓ свет, каде за да опстанеш мора да научиш и тоа како да бидеш свој!

Но дека се’ има свои предности и мани, можеме да воочиме и забележиме и сами. Сепак, има нешто што не може само да се види, туку за вистински да се почувствува, треба да се доживее.  Затоа Ноне Неделковска реши да (ви)  ја објасни онаа, другата страна на професијата, убавината на самотијата. На онаа – морската и прекуокеанската…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

Покрај солидната заработка, дека ќе прошеташ толку многу колку некои за десет животи, е нешто заради кое да се работи на крузер навистина се исплати. Колку за пример „најшетаната велешанка“ споделила кои се дестинации се во агендата за само два месеци крстарење по море.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

Дека и во зима тебе ти е лето, што за многумина е „нешто повеќе од свето“ исто така се еден од бенфитите на морнарите… На овие модерните, како Ноне. Зашто додека другите дома „тресат клинци“, ти се сончаш и капеш во костим за капење или како родена од мајка, на некоја егзотична плажа од Сејшели до Јамајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

Спокојството е уште една од оние, поубавите страни на професијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

До душа не дека и тоа нема своја цена и тоа превисока, ама затоа има таква убавина што на друго место не се доживува.

Зашто замислете да сте дома, покрај сопругот кој како и вие, штотуку дошол, па уште невлезен прашува: „Па каде си до сега? Што има за вечера? Ма, марш бре! Баш е убаво да бидеш сам“! –  порача Ноне во името на сите сингл дами, потсетувајќи дека она „сингл“ може да биде и тоа како компаративна предност! Ако си подготвен да функционираш соло!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

Форто: Инстаграм/nona.nedelkovska

To top