Радио Милева интересно

На Зорана Миќановиќ и понудилe 200.000 евра за да се омажи: Пејачка шокирана од понудата (фото)

На Зорана Миќановиќ и понудилe 200.000 евра за да се омажи: Пејачка шокирана од понудата (фото)

Зорана Миќановиќ е една од најпопуларните фолк пејачки од помладата генерација.

Атрактивна, талентирана за пеење, но и поради добрата атмосфера, често беше видена како настапува во странство.

Како во Србија така и во странство многумина ја ангажираат Зорана за разни веселби и свадби, па очекувано, свадбите во дијаспората се раскошни и луксузни, а пејачката наидува на голема помпа, но и интересни понуди.

Така, на една ромска забава, на младата Зорана и било понудено да се омажи за 200.000 евра.

– Тие имаат свои обичаи каде купуваат невести. Родителите им купуваат сопруги на своите деца. И кај мене така дојдоа неколку деца и ми кажаа: „Дали би сакала да се омажиш, татко ми да ти даде 200.000 евра? – рече Зорана во „Восткаст“ и продолжи:

– Бев шокирана, како можам и да се омажам и добро да заработам. Но 200.000 евра не се доволни некој да ме трпи. Ќе ме пратеа дома на третиот ден. „Јас сум луда, хиперактивна, не можам да издржам“, изјави пејачката.

Таа неодамна проговори како се му должи на Александар Милиќ Мили, кој и даде шанса по учеството во „Ѕвездите на Гранд“.

– Никогаш не сум сретнала подобар човек на естрадата од него. Ми кажа дека во мене гледа нова Цеца, а кога некој како него ќе ти го каже тоа се чудиш, но тој го кажува од срце. Не знам дали би била толку силна да го немаше, дефинитивно би се откажала. Ми даде сила, нашите разговори траеја два часа. Сакам да му се оддолжам на секој начин, затоа што тоа го заслужува, низ солзи изјави младиата пејачка во емисијата „Животот кажува приказни“.

 

фото: Printscreen/instagram/zorana_micanovic_official

To top