Радио Милева тешка утка...

На Тасе гостувањето кај Лила за малку да му дојде „преку Тасета“: Тремата го „изеде“ па откако и го згреши името на сопругата, од „се’ “ за малку ќе останеше без „ништо“ (ВИДЕО)

На Тасе гостувањето кај Лила за малку да му дојде „преку Тасета“: Тремата го „изеде“ па откако и го згреши името на сопругата, од  „се’ “ за малку ќе останеше без „ништо“ (ВИДЕО)

„Се’ или нешто“ дефинитивно е еден од најдолготрајните, а со тоа многу извесно и најзанимливи и најгледани забавни продукти во македонскиот ТВ етер. Во него сме гледале разно – разни случки и ситуации, различни ликови, илјадници шеми и трикови, ама повеќе од една деценија никој да го надмудри банкарот и да му го зеде милионот.

Затоа пак, уренебесни догодовштини постојано имало, а последната таква се случи деновиве во гејм шоуто на Лила Филиповска. Случката од снимката  стана вирална и прилично ги насмеа македонските граѓани. И оние крај ТВ екраните и оние на социјалните мрежи.

Имено, натпревараувачката Катерина седна на жешкото столче крај Лила во потрага по милионот од банкарот, а како поддршка во публиката ѝ беше сопругот Тасе Чанов.

Арно ама, пустата трема и „уплавот“ од камери си го направија своето, па кога водителката го замоли да се претстави, Тасе и го утна името на сопругата! Наместо Катерина испадна дека е женет со Емилија?!

Откако целата јавност „се смееше до солзи“ на гафот на тремаџијата, дојде ред да се дознае која е која… Која е Катерина, а која Емилија и зошто сиротиот Тасе го кажа токму тоа име, промашувајќи го она на сопругата Катерина.

До моментот на вистината дојдоа колегите од Канал 77, откако водителите Христина и Мирко на утринското шоу на националната радиостаница  ја побараа Катерина за изјава. Чисто онака колку за проверка, дали Тасе после ваков гаф, се’ уште е жив и здрав? Или ако повеќе сакате, дали се’ уште живее на истата адреса или  дома „му ја заклучиле вратата“?

Како и да е, на Тасе гостувањето кај Лила за малку да му дојде „преку Тасета“: Тремата „го отепа“ па откако и го згреши името на сопругата, од „се’ “ за малку ќе останеше без „ништо“!

Сепак, телефонското јавување во живо во радио програмата ја разреши драмата, дали и како Тасе ја преживеа ваквата тешка утка?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska

 

 

To top