Нешто ново. Нешто различно. Нешто невообичаено за „Нокаут“… Па и за Брејк, вака накусо на социјалните мрежи „Нокаут“ ја опишаа своја нова песна која ја имаат заедно со Дарко Гелев -Брејк.
„Скопје -Барселона“ е насловот на нивната нова музичка релација која е со препознатлив летен ритам и звук кој има ретро латино шмек и тема од култната „Cielito Lindo”. Tокму за овој период и во аудио верзија, спремна за на радио.
Музиката ја потпишува Никола Перевски – Пере, аранжманот е на Дарко Димитров, додека текстот го напиша Игор Џамбазов.
„Нокаут“ во моментов освен што се актуелни музички, тука се и со нивните концерти.
На 05 јули се пееше на Хераклеја во Битола, досека сега претстои ново дружење со публиката на 27 јули веќе е во Антички театар во Охрид.
За потсетување, во октомври минатата година, „Нокаут“ го промовираа својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“.
фото:You Tube printscreen/ NokautMK