Неодамна во Бургас, Бугарија се одржа изборот за Мис Тин Планет 2026, на кој Македонија ја претставуваа две девојки, Ива Георгиева (15 г.) од Виница и Зорана Блажевска (14 г.) од Скопје и двете освоија титули.

Ива се враќа со титулата Мис талент, а Зорана е Мис модел.

Победничка е претставничката на Грузија. Двете наши девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина и модели.

Традиционално, веќе со години организатор на овој избор е агенцијата Intersound од Софија.

Фото: Лична архива/Модно студио Црнокрак







