Радио Милева кој како заслужил

На Марија Луиса Тодоровска историјата и се повторува: Пејачкато по премиерата на новата песна „Порок“ очекуваше пријателките и пријателите или барем оние што за такви се декларираат дека ќе „свр*ат од радост“, арно ама… (ВИДЕО)

На Марија Луиса Тодоровска историјата и се повторува: Пејачкато по премиерата на новата песна „Порок“ очекуваше пријателките и пријателите или барем оние што за такви се декларираат дека ќе „свр*ат од радост“, арно ама… (ВИДЕО)

Стана некрунисана „фолк кралица на бакшишот“ без ниту една снимена песна во кариерата, ама откако ја сними првата сфати кој се околу неа би сакал да и падне круната! Вака некако може да се опише реакцијата на битолската фолкерка со скопска адреса на престој, Марија Луиса Тодоровска, која откако го издаде своето музичко првенче, песната и видеоспотот насловени „Печат во срцето“, се покаја, ама не се откажа!

Се покаја зашто тоа и покажа дека многумина со љубомора и завист гледаат на нејзината „прва радост“ која толку долго Марија ја чекаше. „Вистинските пријател(к)и“ потфрлија, колегите премолчеа, а очигледно само малкумина тогаш и честитаа на Марија за првата песна во кариерата! Не сите, се разбира, зашто имаше и такви кои се израдуваа на нејзиното првенче, ама очигледно биле да се избројат „на една рака“!

Но Марија тоа не ја поколеба и не се откажа, надевајќи се дека веќе со втората авторска песна работата ќе биде многу полесна… Беше што беше, „првите мачиња во вода се фрлаат“ – вели една стара поговорка, па сега новата песна ќе блесне, а со неа и пејачката во очите на колегите и ќе ја засени конкуренцијата, а пријателките и пријателите или барем оние што за такви се декларираат ќе „свршат од радост“! Арно ама…

Имено, непосредно пред Нова Година пејачката ја издаде и својата втора авторска песна насловена „Порок“! Не дека и Марија пороци нема, ама не се некои кој знае какви… Овој порок за кој пее, сепак е малку поинаков… љубовен! Зависна од туѓите емоции и во љубовта и во работата, Марија Луиса се потруди песната да ја отслика и со „сексиљав“ видеоспот со кој требаше уште повеќе да го засили впечатокот кај сомничавите. Дури и најавате беше ултрапровокативна и повеќе од бомбастична, арно ама… повторно штама?!

По се’ изгледа на Марија Луиса Тодоровска историјата и се повторува! И тоа за кусо време!

Песната излезе сосе видеото, ама  повторно не беа баш сите пресреќни што на Марија Луиса и се прават блиски. Поучена од искуството после првенчето, и по нејзината музичка „втора мајка“ на хејтерите реши да им… „расплаче мајка“!  Со тоа што реши да го смени однесувањето кон сите, онака како кој заслужил! Кој ја поддржал за песната, ќе ја има и нејзината поддршка, кој не, може да се фати за… дршка!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

 

To top