Синовите на Емина Јаховиќ секој ден се повеќе растат, се осамостојуваат и стекнуваат самодоверба, а пејачката колку и да се гордее со тоа, изгледа жали за времињата кога биле мали.
Со објава на Инстаграм, во која јасно се препозна, ја објасни својата голгота.
На обична розова позадина во многу симпатичен фонт пишува:
– Како да го изнервирате вашиот тинејџер:
1. Посакајте му добро утро.
2. Пејте песни од осумдесеттите.
3. Кажете му дека го сакате јавно.
4. Тагнете го на социјалните мрежи.
5. Дишете
Нема сомнеж дека Емина има проблеми со наследниците, кои сега се во најчувствителните тинејџерски години, кога вообичаено конфликтната страна се родителите.
Се верува дека по барањето за алиментација преку судот, Емина воспоставила одлични односи со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, а и тој многу посветено учествува во одгледувањето.
Синовите на Емина Јаховиќ ја сакаат музиката, и учат во таа насока, па се верува дека несогласувањата нема да траат долго. Истите интереси ќе ги вратат на вистинскиот пат.
фото:Instagram printscreen/yaemina