Пејачот Сергеј Ќетковиќ се појави на настан во Белград, прилика да се сретне со седмата сила.
Имено, Сергеј искрено зборуваше за успесите кои ги постигна годинава, а многумина ги интересираше како е секогаш толку смирен и присебен, како и дали има нешто што може да го изнервира.
– Јас сум на апчиња – рече Сергеј со насмевка и додаде:
– Се шегувам, ние не сме роботи, ние сме луѓе. Се трудам да бидам смирен и присебен, но има многу работи кои можат да ме исфрлат од колосек. Човечка грубост, невнимание, некултура… – изјави Сергеј.
Сергеј искрено зборуваше за тоа дека до сега немал потреба да оди кај психотерапевт, како што вели, секогаш имал добри пријатели кои секогаш со задоволство го слушале.
фото:instagram printscreen/cetkovics