На планината Плачковица в сабота и недела (13 и 14 јули) ќе се одржи 20. манифестација „Ја сакам Плачковица“. Според најавената програма, ќе биде најбогата досега, со голем број планински натпреварувачки дисциплини и дводневен музички фестивал кај планинарскиот дом „Вртешка“.
Музичката програма ќе започне на 13 јули со настапи на „Три пати на ден“, „Арес брадерс бенд“, Јордан Капа и Душанка и други.
В недела се предвидени планинска трка на 18 километри, планинска трка за деца, натпревар во качување карпи и еколошка акција за сите учесници и посетители. За крај ќе има заедничко следење на финалето на Европското првенство во фудбал на видеобим.