Радио Милева враќање во „црно“...

На 1-ви или 15-ти декември: Врчак најави нов албум и две заеднички необјавени песни со ДНК, снимени само неколку дена пред трагедијата во Кочани (ВИДЕО)

На 1-ви или 15-ти декември: Врчак најави нов албум и две заеднички необјавени песни со ДНК, снимени само неколку дена пред трагедијата во Кочани (ВИДЕО)

Раните од трагедијата во Кочани се’  уште се свежи, а веројатно и никогаш нема до крај да се затворат и зацелат, зашто лузинте што ќе ги остават се предлабоки. Особено за најблиските и  семејствата на оние кои по несреќата повеќе ги нема, меѓу кои и Андреј, Панчо и музичарите од придружниот бенд на ДНК.

По нешто повеќе од осум месеци од страшната трагедија, Раде Врчаковски Врчак се огласи во медиумите, поточно телефонски гостуваше во емисијата „Ексклузив“ на „Џингл ТВ“ и обзанни дека неговиот нов албум треба да излезе на 1-ви или најдоцна на 15-декември годинава, а на него покрај сите други ќе се најдат и две сосема нови песни, необјавени песни снимени со ДНК. Како што вели самиот Врчак, снимени се само неколку дена пред да се случи страшната трагедија во Кочани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jingle TV (@jingle.tv)

А токму ДНК  беа тие кои пред  две години ппого провираа камбекот на подзаборавениот Раде Врчаковски – Врчак, некогашната голема тинејџерска музичка ѕвезда во Македонија. Тој беше еден од најблиските пријатели  на  ДНК, кои по долгогодишната музичка пауза во ноември 2023 година, всушност и „го вратија во живот“ на естрадната сцена со заедничката песна „Посреќна“.

Соработуваа со години, а покрај професионалниот однос, имаа и искрено пријателство. За иронијата на судбината за жал да биде сосема поинаква, па да заврши како трагична и фатална за мноштвото млади животи вклучувајќи ги осумте од бендот на ДНК… Како и за самите Андреј и Панчо.

Речиси еден месец по трагедијата, тогаш Раде Врчаковски Врчак за прв пат се огласи на социјалните мрежи каде на својот Фејсбук напиша:

„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот. Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“.

Сега се наближува тој ден откако Врчак најави кога ќе треба да се појави  неговиот нов албум на кој се и двете заеднички  дует песни со ДНК.

Јавноста со нетрпение ги очекува и нив и сите останати песни од новиот материјал на некогаш многу популарниот македонски рапер.

Фото: Фејсбук/Раде Врчаковски

 

 

To top