МЦ Стојан наводно во раните утрински часови пред да замине за Кипар предизвикал сериозен скандал на белградскиот аеродром, дознаваат локалните медиуми.
Раперот бил еден од последните кои се качиле во авионот, а како што пренесуваат локалните медиуми се судрил со постара патничка и почнал да и вика.
View this post on Instagram
– Никој не го ни забележа додека не почна да вика на една госпоѓа која го ставаше рачниот багаж во просторот предвиден за него над нејзиното седиште. Неколку пати повтори: „Ајде бабо, оди малку побрзо!“ Крајно некултурно. Сите биле шокирани, малите деца се вознемириле и почнале да плачат. Тогаш многумина коментираа за кого се работи и дека ваквото однесување на јавна личност е дно. И цело лет нешто мрмореше, очигледно беше ненаспан и многу нервозен – заклучува изворот за домашните медиуми.
Да потсетиме, како бомба одекна веста дека МЦ Стојан и Зорана Мицановиќ се во врска. Пејачката ова го откри на една прослава во Белград, а недолго потоа дојде до раскинување. Двојката остана во добри односи.
фото:Instagram printscreen/ mc_stojan