Радио Милева точната сума

„Можам да трошам една пензија неделно“: Лепа Лукиќ откри колку пари има на нејзината сметка секој месец (фото)

„Можам да трошам една пензија неделно“: Лепа Лукиќ откри колку пари има на нејзината сметка секој месец (фото)

Пејачката Лепа Лукиќ (85) има три пензии, а во една прилика ја откри точната сума што ја добива месечно.

Лепа тогаш изјавила дека првата пензија ја заработила преку годините стаж, втората е национална пензија, а третата е канадска пензија од нејзиниот покоен сопруг.

„Немам врска со пензионерите, на таа возраст сум, но се дружам со млади луѓе. 23 години сум во пензија. Ништо не барам, задоволна сум. Имам три пензии. Сите ги заработив. Националната пензија ја добив со заслуга. 25 години имам статус на естраден уметник. Така добив поголема пензиска основица“, рече Лепа Лукиќ и додаде:

„Можам да трошам една пензија неделно, не морам да се воздржувам.
Едната во износ од 107.000, како основна пензија, која ја заработив преку мојот работен стаж, втората национална пензија, која ми ја додели државата, во износ од 73.000 динари и третата, во износ од 1.250 евра што ги добивам од Канада, а кои ги наследив од мојот покоен сопруг. Имам и повремени настапи“, изјави Лепа Лукиќ во емисијата „По ручек“ на Хепи ТВ.

фото: printscreen/instagram

To top