Промотер

Момците од „Фидбек Бенд“ со нов пејач и песна пред почетокот на летото

Момците од „Фидбек Бенд“ со нов пејач и песна пред почетокот на летото

Музичкиот состав кој долги години успешно функционира на домашниот пазар, „Фидбек Бенд“ ја објави својата нова песна која го носи насловот „Пали запали“, а за истата снимија и видео запис.

Станува збор за балада испреплетена со силни емоции. Музиката и текстот се дело на Драган Ристовски – Дац и Гога Вучиќ, аранжманот на Дац, а комплетното аудио заедно со видео запис е во продукција на „Индустриал Медиа“.

– Најголемиот дел од песната „Пали Запали“ беше готов уште кога пред неколку месеци на нашиот бенд му се приклучи Александар Тасевски. Чекавме погоден момент за да ја објавиме и среќни сме што конечно проектот ја виде светлината на денот. Очекуваме да биде одлично прифатена од публиката и нашите поддржувачи, како и претходните проекти на кое работевме. Иако имаме бројни активности овој период, сепак, не ја оставаме јавноста долго без нешто ново и свежо, велат од бендот.

Пред неколку месеци, пејачот порано член на „Браво бенд“ и „Балканд бенд“, Александар Тасевски му се приклучи на тимот и заедно продолжуваат да градат нова приказна низ проектите на кои вредно работат.

Во продолжение, „Пали Запали“ од Фидбек Бенд.

фото:You tube printscreen

To top