Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на 14 декември одржа концерт во Штутгарт на кој зборуваше за својот љубовен статус кој насмеа многумина во салата.
Откако испеа еден од нејзините хитови, фолкерката застана и рече дека е „соло“ и дека ужива во тоа.
Таа ја доведе атмосферата до кулминација, а во еден момент им се обрати на присутните и проговори за својот емотивен статус.
– Знаете што? Мојот статус е најјак – соло! Супер. Никој не ви пречи, никому не одговарате, правите што сакате, одите каде сакате – рече Цеца, а публиката ја награди со громогласен аплауз.
@majaboksiccc @CECA 👑❤️ #ceca #cecaraznatovic #2024 #stuttgart #mhparenaludwigsburg ♬ original sound – Maja Boksic
Цеца неодамна во емисијата „Цеца шоу“ откри дека темелно се подготвува за концерт, за да ги исполни големите очекувања на своите обожаватели и да им овозможи незаборавно искуство:
„ Подготовките почнаа полека, бидејќи тоа е многу голем проект. По Нова година ќе биде поактивно.
На прашањето дали наскоро можеме да очекуваме нова песна, пејачката ги остави фановите во исчекување велејќи:
„Полека се работи на сѐ“, рече Цеца, не сакајќи премногу да открива детали за новите песни.
фото: printscreen/instgaram/cecaraznatovic