Мегафон

МОБ со бесплатен концерт во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус

МОБ со бесплатен концерт во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус

„Од #MOБ за Скопје“, гала концерт ќе се одржи на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ).

Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Овој концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.

фото:плакат

To top