Радио Милева во друго светло

Многу наскоро ќе ја видиме Маган Маркл во сосема неочекувано издание: Вакво нешто за членовите на палатата е незамисливо (видео)

Многу наскоро ќе ја видиме Маган Маркл во сосема неочекувано издание: Вакво нешто за членовите на палатата е незамисливо (видео)

Меган Маркл се огласи на Инстаграм со цел да најави дека наскоро ќе биде објавена нејзината емисија на Нетфликс, но и да го претстави својот нов бренд наречен „As Ever“.

Речиси една година по лансирањето на брендот „American Riviera Orchard“, Маркл го смени името на брендот и сега тој се нарекува „As Ever“.

 

„Некои од вас можеби ги слушнаа гласините дека создавам нешто. Мојата серија на Нетфликс ќе започне за две недели, но постои уште нешто на што работев. Возбудена сум што можам да ви го претставам „As Ever“ – бренд што го создадов и во кој го вложив моето срце. „As Ever“ значи „како што отсекогаш било“ или, некои дури велат, „на ист начин, како и секогаш“. Доколку ме следите уште од деновите кога го создавав „The Tig“, знаете дека тоа значење не може да биде повистинито за мене“, рече Меган во видеото на Инстаграм.

„Отсекогаш сум сакала да ги споделувам работите кои ги користам во мојот дом – храна, градинарство, украсувањето и сè што носи радост во секојдневниот живот. Сега конечно можам да го споделам со вас на начин на кој не можев да го направам тоа во изминатите неколку години“, додаде таа.

Меган веќе ја лансираше веб-страницата на брендот, а на насловната фотографија позира со ќерката Лилибет.

Двете се држеа за раце додека боси одеа низ ливадата, а исто така и двете беа облечени во бела облека.

Монтесито, Калифорнија е местото каде Меган ја снимала кулинарската емисија, која ќе има осум епизоди. Во емисијата ќе се појават различни холивудски ѕвезди, познати готвачи и старите и нови пријатели на Меган. Меѓу гостите ќе бидат познатите готвачи Рој Чои и Алис Вотерс како и актерката Минди Калинг. Премиерата на емисијата требаше да се одржи на 15 јануари, но беше одложена поради пожарите во Лос Анџелес.

Инаку Нетфликс е официјален партнер на брендот „As Ever“, што значи дека производите како што се домашните џемови и други лајфстајл производи ќе бидат достапни и во „Netflix House“ продавниците.

фото: You Tube printscreen/Netflix

To top