Поранешните учеснички на најпопуларното музичко натпреварување беа неразделни, но поради една од постапките на Славица нивното пријателство пропадна.
Тања Савиќ и Славица Ќуктераш се неразделни пријатели уште од првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, но нивното пријателство ненадејно заврши пред 14 години.
Тања откри дека се одалечиле затоа што Славица му ги покажала голите гради на тогашниот дечко, бизнисмен од Германија.
– Во тоа време двете бевме на море во Црна Гора, се враќавме од плажа и мојот дечко не однесе до хотелот. Јас седнав на совозачкото седиште, а таа седна на задната страна. Славица во еден момент ја крена кошулата и на дечко ми ги покажа ци*ките во ретровизорот. Бев шокирана, не можев да верувам што направи жената! – изјави Тања за „Скандал“ и додаде дека тогаш ставила точка на нивното пријателство:
– Тоа е причината поради која не разговараме со години. Многу ме разочара, ја гледав како сестра, делевме се, бевме неразделни. Не знам што ѝ се вртеше низ главата тогаш за да се однесува така.
фото: printscreen/instgaram