Ќерката на пејачот Бобан Рајовиќ се породи, а тој стана дедо и доби внука.
Бобан без да ја крие среќата се огласи на својот Инстаграм профил и ја сподели убавата вест.
View this post on Instagram
– Добив внука и многу сум среќен. Нека е жива и здрава нашата мала принцеза – напиша гордиот дедо на Инстаграм.
Според тамошните медиуми, Бобан чекал пред породилиштето да ги види ќерката и внуката. Гордите родители се уште не одлучиле како ќе го крстат малото девојче.
Да потсетиме, пејачот со сопругата Драгана имаат три деца, Андрија, Анѓела и Ивана, а минатата година во март од истата ќерка го доби и првиот внук на кого му дадоа име Илија.
фото: instagram printscreen/ rajovicboban