Радио Милева епа... нека трепка!

„Мисицата од Дрисла“ со една мисла, еден приоритет и само една желба во 2026-та: Ако и се поклопат, очекувајте свадба, а можеби и мекици?!

„Мисицата од Дрисла“ со една мисла, еден приоритет и само една желба во 2026-та: Ако и се поклопат, очекувајте свадба, а можеби и мекици?!

Билјана Јаневска е позната како некогашна манекенка, мисица, модел и екс ЛДП функционерка со факултетска диплома и магистерска титула во џебот кои ќе и го донесат звањето магистар за управување со отпад и работна позиција во најпознатата скопска депонија. Оттаму во пошироката јавност таа ќе стане позната како „мисицата од Дрисла“.

Млада, убава стројна, вита и тенка како секоја мисица, Билјана социјалните мрежи постојано ги полни со свои фотографии и видеа на кои воглавно го споделува она во што ужива… Проводот, забавата, животот…

Арно ама, она што евидентно може да се забележи е тоа дека мисицата на сите фотографии е сама. Евентуално со по некоја пријателка или госпоѓа мама, кои и прават друштво на годишен одмор или кога излегува да се забавува и… Тука завршува придружбата. Машко покрај неа, човек нема прилика да види ни на слика!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Biljana Janevska (@biljana_janevska)

Тековната година полека изминува, па како што е редот секој од нас се подготвува 2025-та да ја испрати со честитки, ама и желби и приоритети. Впрочем новата, мора или барем така  се надеваме, дека ќе биде каде – каде подобра од старата!

Со такава мисла и „мисицата од Дрисла“ ја испраќа старата  2025-та, променета како „елегантна дадамразица“ во долг, свечен, црвен фустан, со разголени грб и рамена, овековечена во различни пози во новата фотосесија.

А за снимањето да биде токму онака зимско и згодно, изборот на локацијата – средно Водно. До душа снегче се’ уште нема, ама затоа мисицата и тоа како влезена во новогодишна шема.

А, за Нова Година, како нешто да се посака, ако немаш новогодишна желба?!

И не само тоа, туку и приоритет, околу кого во 2026-тата ќе се врти целиот свет!

А, приоритетот и желбата „нереално реални“, ама не и неостварливи. Приоритетот се вика „ЈАС“, а желбата од под елката е Дедо Мраз да и донесе МАЖ, односно сопруг во годината што следува.

Ако посакуваните нешта и се остварат, па приоритетот и желбата и се поклопат, очекувајте свадба, а можеби и мекици?!  Епа… нека трепка!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Biljana Janevska (@biljana_janevska)

Фото: Инстаграм/biljana_janevska

To top