Мирослав Тодосовски – Миро и Нисвет Јусиќ ги вкрстија гласовите во уште една музичка пресметка во регионалното музичко шоу за повозрасни, „Никогаш не е доцна“.
Жика беше изненаден што Мирослав реши во овој круг да се претстави со поинаков репертоар, па наместо рок музиката на која сме навикнати од него да ја преферира да ја пее , се одлучи за песната „За Љиљана“ на Тома Здравковиќ која и ја посвети на мајка си.

„Тома ми го краси целиот живот, а мајка ми се вика Љиљана. Пред една година го загубивм татко ми, а по сите грижи што ѝ ги предизвикав, се што остана од мојот живот би го дал за Љиљана“ – изјави Миро. Неговата интерпретација беше придружена со громогласен аплауз.

„Додека ја пеевте оваа прекрасна песна, моите сеќавања ме вратија во некои стари години каде што имав можност да го запознаам Тома. Ми остави неверојатна убавина, влета во тепачка што се случи меѓу нас и некои луѓе на Зимските олимписки игри во Сараево и ме воодушеви со својата човечка димензија“ – му рекол Слободан Ковачевиќ.
Македонскиот претставник омплименти доби и од Неда Украден.

„Мирослав, ти си фантастичен вокал кој оди подалеку од овој тип на песна и не случајно ја избра оваа која е безвременски хит. Но можеш да изведеш и посилни теми како што видовме. Ти си најдобрата комбинација Босанец, Македонец“ – рекла пејачката, а Маре му дала сериозен совет.

„Со толкаво разбирање ги пеете овие песни, зад вас и пред вас има значаен живот, а ако до сега бевте малку несериозни со кариерата, ве замолувам да станете посериозен“ – му порача претседателот на жирито. По гласањето, Мирослав директно помина понатаму.

Инаку, за потсетување, Мирослав Тодосовски Миро веќе со години живее во Словенија, а во една од претходните емисии покрај изведбата, публиката ја освои и со својата љубовна приказна. Имено, Миро е заљубен во убава Словенка, 12 години помлада девојка, поранешна тенисерка, со која планираат да се остварат во улога на родители.
во животот покрај музиката се занимавал со сė и сешто, а во првиот круг од емисијата изјави:

„Работев како келнер, на мене никогаш ништо не ми било тешко нешто да работам, продавав дури и весници на семафори како колпортер. Првиот настап го имав некаде во 93-та година“, откри Миро претходно во шоуто.

Како Миро звучеше на својот последен настап во „Никогаш не е доцна“, проследете во продолжение на 1. час и 35 минути…
Фото и видео: Јутјуб/Nikad Nije Kasno – Cela emisija 30 – 13.04.2025.




