Радио Милева Како, погледот?

Мина Блажев се соблече во бикини па најпрвин предизвика забуна, а потоа и „цунами од возбуда“ (ФОТО)

Мина Блажев се соблече во бикини па најпрвин предизвика забуна, а потоа и „цунами од возбуда“ (ФОТО)

Младата пејачка Мина Блажев може да се пофали со неколку свои песни и учество на Јуниорската Еврозија. Најмногу се истакна преку музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“. Нејзинито заминување во Белград, всушност беше старт на нејзината кариера.

Освен неколкуте нејзини  песни: „Во други души“, „Не можам без тебе“ и „Кобра“ со ДНК, стана актуелна и по тоа што е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“ каде ја интерпретираше старата македонска народна песна „Море сокол пие“.

Мина освен со нејзиниот глас  фасцинира и со нејзината убавина, па можеме да кажеме дека ја има добитната комбинација за многу поголем успех во иднина. На „Инстаграм“ таа може да се пофали со речиси 23.000 следбеници, а доколку ги погледнете нејзините фотографии, ќе сфатите зошто на машките, особено на оние од помладата генерација им „течат лиги“ по неа.

Неодамна Мина славеше и роденден. Дамите не се прашуваат за години, иако шлагот на тортата  самиот ги откри.  значат како допрва животот за неа да започнува. А роденденската торта? Во вид на срце – како неа, исто толку слатка, а оние тукушто наполнети 21-на година… Исто толку жешки колку и Мина!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mina Blazhev (@minablazev1)

Кога сме веќе кај жештините, младата пејачка неподносливите летни горештини ги дочека во бикини, а со она што го покажа буквално многумина засени… Со својот телесен изглед  и пропорции на манекенка, Мина многу од своите колешки фрли во сенка.

Имено, пејачката  сподели серија  фотографии на кои позира во различни костими за капење, а она што може да се забележи на нив е  прилично возбудливо.

Совршено тело, затегнати долги нозе, рамно меше, извајана задница… и особено во преден план, впечатливо бујно деколте на младата убавица!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mina Blazhev (@minablazev1)

И додека Мина го распослала сиот свој телесен раскош на сончевиот брег, една црно-бела фотографија ја разбранува јавноста, а на многу момчиња што посакуваат да ја запознаат, за малку што не им го „скрши филмот“ и длабоко не ги разочара.

Имено, Мина покрај сите нејзини слики, споделила и една на која излегува од вода, нежно фатена за рака со уште една расна убавица. За да направи уште поголема збрка и недоумица, младата пејачка уште во описот на фотката и додала: „Како погледот?“, при тоа мислејќи на  пејсажот во позадина.

А погледот за око убав до бескрај, ама пустата помисла на „она другото“ ги фрли машките во очај!!?

Но, за да не излезе дека нема појаснување, а и на општо машко задоволство и радување, добро е да се знае дека убавата придружничка на Мина е всушност нејзина најблиска роднина.

View this post on Instagram

 

A post shared by Kjarablazev (@kjarablazev)

Убавицата се вика Кјара и го носи истото презиме – Блажев!

Но и ако убаво ги подзагледате, ќе забележите дека обете прилично си наликуваат, покрај тоа што со нивниот сексапил, неодолива привлечност и убавина предизвикуваат „цунами од возбуда“!

Фото: Инстаграм/minablazev1/kjarablazev

To top