Радио Милева Ако одам кај Снежето...

Мими Марковски и „ортаците“ на гости кај Снеже Велков: Јутјуберот и „битолската екипа“ уште на пат кон Скопје со специјална песна во Југото „ја подбраа конкуренцијата“… од Спенџарска до Лазаров! (ВИДЕО)

Мими Марковски и „ортаците“  на гости кај Снеже Велков: Јутјуберот и „битолската екипа“ уште на пат кон Скопје со специјална песна во Југото „ја подбраа конкуренцијата“… од Спенџарска до Лазаров! (ВИДЕО)

Она што е Стефан Лазаров за Скопје, тоа е Мими Марковски за Битола. Композитор, музички продуцент и јутјубер. Обајцата популарни македонски јутјубери. Овој вториов можеби се’ уште не толку познат како првиот, ама затоа е на добар пат да го стигне… или престигне!?

Вообичаено, кариерата, приватноста, онаа на гостинот и на некои од познатите личности – нивни сограѓани и пошироко и релациите и оносите на гостинот со нив се тема на „шоферските муабети“ на Мими.

Најчести гости и во Југото, а  и надвор од него, разбирливо му се познатите битолчани или оние кои не се родени, но живеат во Битола… Или пак познатите кои се дојдени по работа и некој друг повод на гости во градот под Пелистер.

Токму тој и неговата битолска екипа добија покана да дојдат на гости во ТВ шоуто „Нешто конкретно“ кај водителката Снеже Велков, што со задоволство ја прифатија.

Од Битола за Скопје како поинаку, ако не со Југото, во кое Мими „го вози“ сопственото „драјв шоу“ во кое му доаѓаат познати ликови. Драјв затоа што Мими ги вози во неговото ЈУГО, испрашувајќи ги седнати на совозачкото седиште како на сослушување.

Овој пат друштвому правеше битолската екипа, па за да биде патот полесно поднослив, позабавен, а и она што го смислија  и добра најава за емисијата, јутјуберот и екипата ја „пеработија“ познатата песна „Ако одам во Битола“ на композиторот Петар Георгиев – Калица, ама овој пат по свој терк. Всушност, во нивната „Југо драјв – акапела“ изведба се сменети само зборовите во текстот кој е комплетно посветен на нивната домаќинка, ТВ водителката Снеже Велков!

Патем, текстот симпатичен полн со комплименти за водителката, ама не и за „конкуренцијата“, ако така може да се наречат споменатите имиња во „верзијата“ на Мими и битолската екипа, во која  уште на пат кон Скопје  во Југото „ги подбраа“ Спенџарска и Лазаров! Веројатно морало некого, оти таква била замислата, да се направи „компаративна размена“, како што се пее во оригиналот. Па битолската чаршија е заменета со скопскиот хотел каде што се снима шоуто „Нешто конкретно“, Битола  со водителката, а Солун и Стамбол со Спенџарска и Лазаров! Колку да е позабавно, поскокотливо и повозбудливо!

На Снеже Велков комплиментите секако и годеа, па така Мими и Маркоски битолската екипа ја пречека… со трчаница во студио! Е, сега што на тоа ќе речат споменатите во стиховите од новата верзија на песната… е сосема друга работа!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Конечно, конкуренцијата е здрава работа, ако споменатите ги сметаме едни за други за такви, а и она што распенаите битолчани го смислиле иако е можеби малку „зајадливо“,  многу повеќе е симпатично отколку навредливо и никако злонамерно!

Како звучи нивната „Југо драјв акапела верзија“ насловена: „Ако одам кај Снежето“, проследете од видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Markovski (@mimi4u16)

Фото: Инстаграм/mimi4u16/velkovsneze

To top