Радио Милева приватност

Миле Китиќ по 20 години заминува од Белград:  Пејачот и Марта одлучија да си ги соберат работите и да остават се, а еве каде ќе живеат (фото)

Миле Китиќ по 20 години заминува од Белград:  Пејачот и Марта одлучија да си ги соберат работите и да остават се, а еве каде ќе живеат (фото)

Миле Китиќ и Марта Савиќ решија да го напуштат Белград и да се преселат во Авала.

Иако Марта поголемиот дел од времето го поминува во Доминиканската Република, каде што купиле луксузен имот, сепак решиле да завртат нов лист во Авала.

– Пред 20 години купивме земјиште во Авала. Поминавме долго време на суд со човекот од кого го купивме, бидејќи ги немаше пополнетите документи. 15 години само се каравме со него и на крајот го добивме спорот – изјавила Марта за Информер.

– Изградивме куќа, а по корона вирусот решивме да ја поправиме и да се преселиме таму. Не знам точно колкава е површината на земјиштето, не разбирам, но е доволно голема за да има убав двор. И дворот и куќата ќе бидат поубави и поголеми од ова што го имаме сега во градот. Не е викендица, градиме нешто кај што сакаме да живееме, планираме да се преселиме до крај. Ќе имаме и базен и сѐ што ни треба. Претпоставувам дека го заслужуваме тоа. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mile Kitic (@milekitic)

Да потсетиме, Миле Китиќ неодамна за „Блиц“ ги откри причините поради кои ќе го напушти Беоргад.

– Па Марта се врати од Доминиканска Република, дојде сега, има некои обврски. Градиме мала куќа во Авала. Веќе ја губам приватноста во градот. Околу мене се градат згради. Таму имам добра парцела и ќе направиме нешто, за да уживам – рече тогаш.

фото: printscreen/instagram/TV Pink

To top