Радио Милева богата музичка кариера

Миле Китиќ најави проштални концерти по повод 50 години кариера (фото)

Миле Китиќ најави проштални концерти по повод 50 години кариера (фото)

Фолкерот Миле Китиќ ја сумираше претходната година и по тој повод си го отвори срцето за плановите за иднината.

Тој откри дека подготвува серија концерти, кои воедно ќе бидат и проштални концерти по повод 50 години од неговата богата музичка кариера.

„Сè уште сакам да работам, одамна мислев да престанам да пеам, пред пет, десет години. Луѓето сè уште ме бараат, важно е да сум здрав и да немам проблеми со пеењето и луѓето да ме сакаат и бараат. Во времето на корона јас одмарав, ние над 65 не смеевме да излеземе, па седев дома и пиев ракија. За 50 години, ако не сум заработил доволно за да го поминам остатокот од животот како што треба, тогаш не сум успешен, но сепак сакам да работам“, вели Китиќ и открива дека има големи планови за кариера за 2025 година.

„Ѝ должам на мојата публика и имам намера да направам серија концерти во следната година – Белград, Сараево, Загреб, Ниш, Софија… Тоа е мојот план за 2025 година, да одржам концерти, а ако ме бараат во клубовите, ќе видиме дали ќе бидам добро расположен. Ќе направам  по повод 50 години како проштални  концерт , нема да умрам но ред е да направам за луѓето кои толку години ме следат“, откри тој.

фото: printscreen/instgaram/mile_kitic.fan_page

To top