Според тамошните медиуми, Милан Калиниќ по 18 години се разведува од сопругата Сандра, а малкумина знаат дека актерот некогаш бил во врска со актерката Тања Анѓелиќ.
Имено, Милан Калиниќ е во брак со Сандра од 2006 година. Двајцата имаат две деца, ќерката Теа и синот Вук.
Сепак, по 18 години брак, според „Информер“, тие решиле да се разведат, а Милан еднаш признал дека секогаш бил искрен со сопругата Сандра, и и кажал за својата голема поранешна љубов.
View this post on Instagram
– Заедно отидовме на академија, на час, тоа е Тања Анѓелиќ. Мојата сопруга Сандра знае сѐ. Тања беше мојата единствена вистинска врска пред неа. Јас бев заљубен и таа беше заљубена во мене. Се сакавме околу година и пол, не се сеќавам точно. Тања засекогаш ќе биде дел од мојот живот, мора да биде – искрено призна еднаш Калиниќ во емисијата „Претрес“.
фото: printscreen/instagram