Радио Милева како времето да се варило наназад

Мики Црнокрак ја замени Светле: Рака под рака со оваа убавица беше гостин на Моден викенд Скопје, а таа главна атракција (фото)

Мики Црнокрак ја замени Светле: Рака под рака со оваа убавица беше гостин на Моден викенд Скопје, а таа главна атракција (фото)

Скопје од месец март и стартот на април дише во духот на модата и многуте ревии кои се одржаа во главниот град. Посетеност и интерес за ваквите настани отсекогаш имало, па и да не мора да се купи нешто од дизајнерската понуда, доволно е само да се биде виден и замешан како љубител на мода.

Но кога модата се милува, работи и сака во вистинска смисла на зборот, пример и доказ е Мики Црнокрак кој овој пат се појави како гостин на една од ревиите.

Нема случување каде Мики е без својата понежна половина, сопругата Светле, но овој пат рака под рака дојде со друга убавица.

Толку многу слична на онаа која речиси цел живот е негова придружба, што како времето да се вратило наназад. Убавицата до Мики беше неговата ќерка Моника, таа едноставно блескаше до тато, а секако и тој до неа.

Облечени во тон, односно стајлиг сочинет од темни нијанси со контраст на пурпурната циклама. Моника од чизмите како впечатлив детаљ споени со црното кусо фустанче, а пак тато Мики сличен тон на панталони и детали со кои направија да се спојат како моден тандем.

Моника и Мики секако беа интересни за фотка пред објективите, а со истата Мики гордо се пофали на својот Фејсбук профил.

Мама Светле овој пат беше ставена на „стенд бај“ за некоја следна прилика.

фото: Facebook/ Miki Crnokrak

To top